Categories
News

Презентирање на извештаите од спроведување на проектот COVID19.mk поддржано од CIVICA MOBILITAS

Здружението на студенти и информатичари во текот на изминатиот период ги реализираше проектните активности во борба против крона вирусот. Проектот се заснова на дневно известување на граѓаните на Република Македонија за дневните случувања поврзани со Коронавирусот. Известуваањето се одвиваше на веб платформата COVID19.mk а дел од проектните активности беа подржани од нашите партнери CIVIKA MOBILITAS.

Дел од постигнатите резултати беа:

1. Информираност на јавноста детално и точно во текот на целиот ден т.е. 24/7
Еден од приоритетните резултати кои ги постигна нашиот тим е големата информираност на
јавноста со детални и точни информации во текот на целиот ден односно 24/7. Во текот на
месеците на рализирање на проектот имавме просечно нешто над 40000 уникатни кликови на
месечно ниво со повеќе од 25000 корисници.
2. Можност за државните институции, јавните претпријатија и бизнис заедницата да добијат детална анализа
Креиравме можност каде граѓаните, државните институции, јавните претпријатија и бизнис секторот да добиваат дневни детални анализи на своите електронски пошти, односно како
што потенциравме во постугнувањата дневен извештај на повеќе од 1200 е-меил адреси. Целиот овој проект резултираше со зголемана достапност на информациите кои беа и сеуште се од интерес на граѓаните за борба против COVID-19. Во базата за дневни известувања стигнавме до број на компании и државни институции на околу 400 емаил адреси кои секојдневно беа во чекор со информациите.
3. Mожност да ги филтрираат податоците според параметри по желба и можности
На корисниците им го олеснивме пристапот и достапноста на инфирмациите со можност за филтрирање на податоците од PowerBi платформата за полесно читање и полесен приказ за различни таргет групи. Благодарение на оваа можност, можат да се извадат точни статистики податоци одделно за сите категории (општини, болни, воздрасти итн.)
4. Зголемена достапност на информациите за сите
Благодарение на нашите партнери успеавме да ја прошириме достапноста и брзината на достапноста на информациите до различни целни групи, на различни локации и во секое време. Со зголемувањето на серверските капаците, на минимум ги сведовме техничките проблеми односно недостапноста недостапноста на веб платформата ја донесовме на 0,5% на дневно ниво и оставивме можност за дневен сообраќај до 130000 корисници.

Клучни постигнување на нашата организација благодарение на проектот COVID19.mk

Постигнување 1. – Воспоставивме систем на кои луѓето ќе можат да бидат во тек со сите инормации поврзани со Коронавирусот во секое време од денот и на секое место во државата но и на глобално ниво.
Постигнување 2. – Изработка на компјутерска паметна анализа која преку софистицираниот софтвер PowerBi изготвивме податочен приказ на новозаболени со 95%-тна точност.
Постигнување 3. – Преку разлини на канали на дистрибуција постигнавме релативно брзо да ја дистрибуираме секоја потребна и важна информација до речиси 10000 граѓани во просек на дневно ниво
Постигнување 4. – Дневно известување за билансот во нашата земја кој се однесува на Коронавирусот на повеќе од 1200 е-маил адреси ширум Р.С. Македонија

Categories
News

Известување

На самиот почеток на 2020 година, светот го затекна веќе добро познатиот вирус Ковид19. Кога Кина ги пријави првите сомнителни случаи на пнеумонија, никој не претчувствуваше всушност со што наскоро ќе се соочи светот. По многу истражувања, долготрајни анализи на тие случаи, се потврди дека на повидок е нов вирус, сега наречен Ковид19.
За жал, по Кина, настрадаа уште многу земји, вклучувајќи ги сите континенти на Земјата. Вирусот не ја одмина ниту Македонија, ниту Балканот. Првите случаи на Ковид19 беа потврдени пред самиот почеток на месец Март. До сега се потврдени најмалку 1500 граѓани, инфицирани од истиот. Повеќе од 1000 се веќе излечени, но вирусот напакости и зема со себе околу 90тина животи.
Во сите моменти, од откривањето на вирусот, се до денес, па и понатаму, црпиме секакви информации за него. За оние што не знаат, и за сите оние кои редовно следат статистики, тим од Македонија создаде веб страна, www.covid19.mk.
Благодарение на Цивика Мобилитас (https://civicamobilitas.mk/), од неодамна, страната додаде и некои нови алатки. Во секое време, може да погледнете детална анализа на состојбата во Македонија. Истовремено, визуелно може да ја погледнете распространетоста на вирусот, територијално по населени места или низ целата држава. Сево ова овозможено од моќната алатка PowerBi, која овозможува селектирање на специфичен податок од некој графикон и негово филтрирање.
Страната нуди и преглед на сите дежурни аптеки на територија на целата држава. Исто така, може да пристапите до информации за достава и типови на достава, која ја нудат продавници, маркети, аптеки, месари, ресторани, слаткари и слично. Во моментот се достапни информации за достава во повеќе градови во Македонија, а истите се ажурираат секојдневно. Благодарение на прекрасната алатка PowerBi Асоцијацијата на студенти и информатичари изготви компјутерска статистичка анализа. Анализата дава резултати како би се одвивало зголемувањето односно намалувањето на бројот на ново заболени од Коронавирусот погледни линк (https://covid19.mk/komp%d1%98uterska-statistichka…/)
Мора да се напомене дека сево ова не би било возможно без поддршката на
Civica Mobilitas
, која овозможи тимот да го направи овој проект и да ги изнесува сите најнови и најточни информации во секое време.

На самиот почеток на 2020 година, светот го затекна веќе добро познатиот вирус Ковид19. Кога Кина ги пријави првите…

Posted by Асоцијација на студенти и информатичари on Thursday, May 21, 2020