Categories
News

Известување

На самиот почеток на 2020 година, светот го затекна веќе добро познатиот вирус Ковид19. Кога Кина ги пријави првите сомнителни случаи на пнеумонија, никој не претчувствуваше всушност со што наскоро ќе се соочи светот. По многу истражувања, долготрајни анализи на тие случаи, се потврди дека на повидок е нов вирус, сега наречен Ковид19.
За жал, по Кина, настрадаа уште многу земји, вклучувајќи ги сите континенти на Земјата. Вирусот не ја одмина ниту Македонија, ниту Балканот. Првите случаи на Ковид19 беа потврдени пред самиот почеток на месец Март. До сега се потврдени најмалку 1500 граѓани, инфицирани од истиот. Повеќе од 1000 се веќе излечени, но вирусот напакости и зема со себе околу 90тина животи.
Во сите моменти, од откривањето на вирусот, се до денес, па и понатаму, црпиме секакви информации за него. За оние што не знаат, и за сите оние кои редовно следат статистики, тим од Македонија создаде веб страна, www.covid19.mk.
Благодарение на Цивика Мобилитас (https://civicamobilitas.mk/), од неодамна, страната додаде и некои нови алатки. Во секое време, може да погледнете детална анализа на состојбата во Македонија. Истовремено, визуелно може да ја погледнете распространетоста на вирусот, територијално по населени места или низ целата држава. Сево ова овозможено од моќната алатка PowerBi, која овозможува селектирање на специфичен податок од некој графикон и негово филтрирање.
Страната нуди и преглед на сите дежурни аптеки на територија на целата држава. Исто така, може да пристапите до информации за достава и типови на достава, која ја нудат продавници, маркети, аптеки, месари, ресторани, слаткари и слично. Во моментот се достапни информации за достава во повеќе градови во Македонија, а истите се ажурираат секојдневно. Благодарение на прекрасната алатка PowerBi Асоцијацијата на студенти и информатичари изготви компјутерска статистичка анализа. Анализата дава резултати како би се одвивало зголемувањето односно намалувањето на бројот на ново заболени од Коронавирусот погледни линк (https://covid19.mk/komp%d1%98uterska-statistichka…/)
Мора да се напомене дека сево ова не би било возможно без поддршката на
Civica Mobilitas
, која овозможи тимот да го направи овој проект и да ги изнесува сите најнови и најточни информации во секое време.

На самиот почеток на 2020 година, светот го затекна веќе добро познатиот вирус Ковид19. Кога Кина ги пријави првите…

Posted by Асоцијација на студенти и информатичари on Thursday, May 21, 2020